Хамилтон се откажа од титулата по Имола

Луис Хамилтон призна дека повеќе нема шанси да се бори за титулата кај возачите оваа година по тешкиот викенд на Имола.

Мерцедес и Хамилтон имаа тежок викенд на Имола откако тој заврши на 14та позиција додека неговиот колега Џорџ Расел заврши на 4то место. На крајот на трката, Тото Волф лично му се јави преку тимското радио на Хамилтон да му се извини за лошиот болид.

Пред медиумите тој призна дека не можел ништо да направи за време на трката откако остана заглавен зад Пјер Гасли, обидувајќи се многу пати до го мине.

да бидам искре, Не знам да ви кажам. Мислам дека немаше да направи разлика. Ова е викенд за заборав.

Не сум во конкуренција за титулата и нема никаков сомнеж околу тоа. Мора напорно да работиме да се вратиме во некаква форма – посочи седумкратниот шампион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ