Хамилтон смета дека градските трки се најдобар начин за напредок на спортот

Луис Хамилтон верува дека иднината на Формула 1 патеките е во градовите затоа што така фановите имаат најголем интерес за спортот.

Моменталните сопственици на спортот, американците од Либерт иМедиа, следат пат на додавање на трки кои се наоѓаат во големи населени области наместо трајни патеки далеку од градовите. Мајами и Џеда веќе добија свои трки, а догодина тоа ќе го има и Лас Вегас.

Многумина веруваат дека историските патеки се многу важни, Хамилтон го дели тоа мислење, но во време кога Гранд При тркањето цвета, сосема е логично да се максимизира потенцијалот со тркање пред најмногу фанови.

јас сум старомоден и секако дека ја сакам историјата особено на одредени патеки, но колку повеќе стареам толку повеќе сфаќам дека се е за фановите. можеме да се тркаме некаде далеку каде нема можност да дојдат многу гледачи, нема добро сместување, нема пропратни објекти, но тоа да биде историски и тоа е кул, но се се врти околу луѓето, фановите.

луѓето го прават овој спорт. поминавме низ пандемија без луѓе на трибините и атмосфера буквално немаше, како на тестирање, не беше уживање, беше лошо, а сега имаме стотици илјади луше на трка, полно е со енергија и возбуда – посочи сеудумкратниот поранешен првак.

Британецот смета дека Формула 1 мора д го искористи растечкиот интерес за спортот, помогнато од серијата на Нетфликс и да се трка во градови кои нудат можност за многу луѓе да присуствуваат.

мислам дека фановите се срцето на овој спорт кој постои за нив. тркање во градовите значии вистинско вклучување на фановите.

на пример, јас го сакам нирбургринг, но таму не живеат луѓе, всушност ние не правиме ништо посебно.

во мајами можеме да направим нешто. се сретнав со група деца од различна позадина кои сака различни работи и тоа е многу кул за мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ