Хамилтон со мал инцидент на Супербајк тест

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, учествуваше на тест во Супербајк серијата на патеката во Херез, каде имаше мал пад, но помина без повреда.

Хамилтон возел Јамаха YZF-R1, истиот мотор кој се користи во светското првенство на супербајк серијата.

Возачот на Мерцедес во Формула 1, работеше со тимот на Кресент за тестот, кој беше организиран на патеката од страна на британецот возејќи мотор со број 44.

Неговиот тест беше прекина поради мал инцидент, но помина без повреди и продолжи да вози по инцидентот.

Хамилтон, познат фан на МотоГП, стана амбасадор за познатиот бренд МВ Агуста минатата година, кои изработија и мотор со ограничена серија, Ф4 ЛХ 44.

Петкратниот шампион возеше на патеката со Кал Крачлоу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ