Хамилтон стана дел од сопственичкиот тим на Денвер Бронкос

Седумкратниот поранешен Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, стана дел од сопственичката структура на НФЛ тимот на Денвер Бронкос.

Финансиски детали не беа објавени, но сопственичката структура составена од семејствата Волтон и Пенер го потврдија пристигнувањето на Формула 1 возачот како делумен сопственик на франшизата.

воодушевени сме што можеме да му посакаме добредојде на сер луис хамилтон во нашата група на сопственици. тој е шампион кој знае како се води победнички тим и жесток борец за глобалната еднаквост во спортот. со над 100 победи на трка, тој се смета за најуспешниот возач на сите времиња. неговиот стандард само ќе и помогне на бронкос организацијата – гласи заедничкото соопштение од сопственичката структура.

Семејствата Волтон и Пенер го купија Денвер Бронкос годинава во зделка од 4,65 милијарди американски долари и со тоа ја поставија најголемата траксакција за купување на екипа во историјата. Најскора титула за франшизата беше освоениот Супер Бол во 2016 година, натпревар на кој и самиот Хамилтон присуствувал.

Луис има свој удел и во електричната тркачка серија со теренски возила, Екстрим Е, со својот X44 тим, а има и добротворна организација Мисија 44. Неодамна беше дел од конзорциум кој неуспешно наддаваше за купување на фудбалскиот клуб Челзи.

Возачот има свој имот во Колорадо и зимно време редовно го посетува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ