Хамилтон: Треба да му платам на Кими да остане за да не бидам најстар

Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, вели дека се чувствува подобро од било кога додека цели кон изедначување на рекордот од седум шампионски титули во 2020 година.

Пред неколку дена на Инстаграм, 35-годишниот возач на Мерцедес предупреди дека ќе биде мешана годинава, на повисоко ниво од било кога во минатото. Но тој за GQ откри дека се надева да остане втор најстар возач во Формула 1 во следниот период.

Треба да почнам да му плаќам на Кими да остане за да не бидам најстар. За среќа, мислам дека тој ќе продолжи.

Не се чувствувам стар воопшто. Се чувствувам млад. Подготвен сум, подобро од било кога. Се функционира добро, дополнето со моето искуство. Не сметам дека е потешко да се остане во форма, иако сум сигурен дека во некој момент ќе падне истата.

Хамилтон е поврзан во потенцијален трансфер во Ферари во 2021 година, но според последните извештаи тој ќе го продолжи договорот до 2022 со Мерцедес.

Го сакам тоа што го правам. Постојано има предизвик. Го освоив првенството и веднаш го  контактирав Боно за работи кои може да ги подобриме.

2019 беше во голема мера постојана, но имаше и моменти на падови. Секогаш сакаме да извлечеме повеќе во квалификациите особено, разбирајќи ги пневматиците подобро и да извлечеме повеќе од технологијата.

Сите овие млади возачи кои пристигаат се посилни и посилни. Мора да работите двојно повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ