Хамилтон: Трка во Африка треба да биде приоритет

За Формула 1 враќањето во Африка треба да биде приоритет број 1 кога се однесува до нови локации, смета Луис Хамилтон.

Африка е единствениот континет со популација кој не одржува трка, а повеќето се одржуваат во Европа, Азија и Северна Америка. Маракеш во Мароко, има одржано трки во Фромула Е, туринг првенството, додека Сафари релито кое се одржува во Кенија требаше да се врати на календарот по долга пауза.

Патеката во Куалами во Јужна Африка од скоро е реновирана и ќе ја одржи трка во Светското Првенство на Издржливост во 2021 година, но сепак тоа е патека од класа 2, што значи нема потребна хомологација за Гранд При викенд.

Лесно е прашањето за каде би сакал Формула 1 трка, Африка. Тоа е толку важно место каде треба да се вратиме. Во моментов Формула 1 посетува земји и не остава премногу простор. Формула 1 мора да го промени фокусот како спорт кој посетува места и остава нешто што може да му помогне на населението, а во исто време да се врати во Африка и да покаже колку е тоа убаво место. Мислам дека тоа е најважно нешто.

Трки треба да се одржуваат онаму каде не се работи се за парите, туку за луѓето, а во бизнис светот тоа не е случајот, кон тоа се борам јас – објасни актуелниот шампион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ