Хелмут Марко му честитал на Перез

Серхио Перезз откри дека Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, бил еден од Формула 1 шефовите кои му честитале за победата на Шакирското Гранд При. 

Откако доби предвремен раскин на договоерот од страна на Рејсинг Поинт, Перез чека на одлуката на Ред Бул дали ќе го задржиат Алекс Албон или ќе му го понудат местото. 

Менаџментот на Ред Бул појасни дека ќе чекаат до крајот на сезоната и завршетокот на последна трка за да му дадат максимално шанси на Албон да се докаже. Но и Перез не брза никаде. 

Добив многу честитики од повеќето тимски шефови во Формула 1, вклучувајќи го и Хелмут. Околку мојата одлука, кажав дека ќе биде јавна.

Тие ќе донесат одлука викендов. Не знам која ќе биде, Но не брзам никаде. Сега е крајот на годината и тука сме каде што сме. Чекав доволно и нема да ми направи разлика – изјави мексиканецот. 

Чеко најави дека победата нема да му донесе различна иднина. 

Верувам дека една трка не го менува животот. ТОа што го покажав во минатите 10 години е доволно. Штета што пропуштив две трки поради корона вирусот годинава.

Ми откажа моторот кога имав подиум во Бахреин. Неколку пропуштени шанси и сум на 4то место во шампионатот. Имав силна година благодарение на тимот со посебниот болид. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ