Херберт до Гасли: Оди си од Ред Бул

Иднината на Пјер Гасли е неизведна затоа што тој сака да вози за сениорскиот Ред Бул, но таму нема место и се чини дека многу долго ќе остане во АлфаТаури.

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, му се обрати на Гасли дека мора да ја прекине својата со соработка со Ред Бул за да го покаже својот потенцијал на друго место и смета дека французинот веќе треба да почне да се нуди на ривалските екипи. Неговиот договор трае до крајот на следната сезона кога ќе има 26 години, а откако во 2019 година беше унапреден во Милтон Кинс, на средина од сезоната беше вратен во Фаенца, од каде што дојде.

Серхио Перез доби нов договор до крајот на 2024 година, така што во скоро време Пјер нема да може да вози за Ред Бул.

Самиот Херберт има искуство од 161 трка зад себе и смета дека Гасли треба што поскоро да замине од АлфаТаури.

мислам дека треба да го направи тоа што го направи даниел рикардо и да замине од тимот, така стојат работите во моментов. работата е што треба да се обиде да се позиционира себе за да може да искористи некаква опција кога ќе се појави, да има слобода од алфатаури и од ред бул, слобода која ќе му дозволи да замине кога ќе има можност за тоа.

како на тркач за него е важно да го добие тоа затоа што не сакате да заглавите во екипа како алфатаури, екипа која нема шампионски амбиции, а тој има поголем потенцијал – смета херберт.

Британецот смета дека Пјер веќе треба да ги нуди своите услуги на ривалите и посочи дека Астон Мартин и местото на Себастијан Фетел може да бидат добра опција.

мислам дека треба веднаш да разговара со астон мартин, да бара место за себе за во иднина. понекогаш возачите мора да донесат храбри одлуки, но тоа е исправно за него во моментов. ред бул од друга страна секако дека не сакаат тој да процвета во некој друг тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ