Херберт загрижен за Рикардо: Талентот кај некои возачи полека исчезнува

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, е љубопитен да дознае што не е во ред со Даниел Рикардо, при тоа е свесен дека кај некои возачи нивниот талент исчезнува.

Рикардо се пресели од Рено во Мекларен во пресрет на овогодинешното првенство, а многумина предвидоа дека нема да помине долго време додека поранешниот возач на Ред Бул ја потврди својата доминација над неговиот тимски колега, Ландо Норис. Сепак, тоа не е случајот.

Иако Рикардо ја имаше единствената победа на тимот оваа сезона и тоа на Големата награда на Италија пред Ландо Норис, тоа е неговиот единствен подиум до денес, додека Норис има четири. Австралиецот, исто така, заостанува зад неговиот тимски колега со 50 поени во шампионатот на возачи.

Даниел беше шок – вели поранешниот возач во Формула 1, Херберт, во интервју за Моторспорт магазин. Никогаш не очекувавме дека ќе се мачи толку многу.

Можам да сочувствувам со него и тоа е страшно, особено кога помина толку време и се уште не го нашол одговорот. Сепак, знаеме колку е добар и тој го знае тоа.

Слушнав дека проблемите на Даниел се поврзани со сопирачките, но тоа се должи и на аеродинамиката. Ако веќе ни предизвикува главоболки, размислете како е за него.

Рикиардо во минатото призна дека е збунет од проблемите со Мекларен, чувствувајќи како секој пат кога ќе направи чекор напред, потоа ќе направи два назад на следната трка. Отфрлајќи голема несреќа или дури и возраста како причина за неволјите на 32-годишникот, Херберт предложи позагрижувачка причина за недостатокот на темпо на Рикардо.

Но, што се случи? – праша Херберт.

Тој не е премногу стар, немаше лош судар, Има многу возачи чиј талент само ИСЧЕЗНА.

Се враќам кај Жан Алеси. Тој беше „следната голема работа“, а сепак освои само едно гранД при. Тоа не функционираше за него, со целиот свој природен талент.

Проблемот е што ако не се подобри, гласините започнуваат, а штом започнат вие сте само патник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ