Хил: де Врис минува низ нормален процес во Ред Бул

Шпекулациите за иднината на Ник де Врис во АлфаТаури стануваат се посилни, а Дејмон Хил смета дека тој минува низ вообичаен пристап за менаџирање на возачи карактеристичен за Ред Бул.

По Гранд При трката во Маја почна да се зборува дека местото на холанѓанецт во АлфаТаури не е сигурно, а некои медиуми напишаа и дека Даниел Рикардо експресно бил повикан во фабриката во Фаенца да проба седиште за болид за да може итно да влета и да се трка. 

Доктор Хемлмут Марко, советник за моторспорт на Ред Бул, експресно го демантираше тоа, но посочи дека Ник има жолт картон и дека мора да се подобри и да го следи нивото на колегата Јуки Тсунода на трките кои следуваат за да остане дел од екипата. Доктор Марко и во минатото правел промени на возачите во текот на сезоната, така што Хил не се сомнева дека начинот на менаџирање со возачите од страна на Хелмут носи резултати.

марко е жесток учител, нели? тој е тежок кон возачите како и секогаш, а јас не знам од каде доаѓа, веројатно е многу строг човек така што смета дека тоа е вистинскиот начин да дојде до резултат и перформанси.

ако му кажете таква закана на макс верстапе, тој одговара и испорачува, така што сигурно дека до некоја мера неговиот начин на менаџирање е оправдан затоа што тој не сака слаби карактери во неговата екипа.

со оглед на се што се случувало во ред бул, ова е нивна типична рутина, тие никогаш не се двоуменел во ниту еден момент на средина од сезоната да направат некаква промена на возач и да донесат ново лице во тимот. додека не најдат добар возач за нивниот тим, не е чудно ако сменат и неколку возачи на тој пат – вели Дејмон хил.

Формула 1 шапмпионот од 1996 година смета дека со социјалните мрежи и серијата на Нетфликс која открива многу за возачие, тие се под огромен притисок.

интензитетот е многу голем, многу поголем од порано. во минатото, доколку минарди беше на последно место, никој не велеше ништо, за нив беше премија и да завршат трка.

денеска сите следат инстаграм или некој социјален медиум како и серијата на нетфликс. се анализираат кариерите до најситни детали, многу е потешко за возачите од таа гледна точка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ