Хил не сака титулата да се реши со судар

Поранешниот Формула 1 првак и сегашен аналитичар на британски Скај, Дејмон Хил, посака Луис Хамилтон и Макс Верстапен да останат спортски настроени и да не ја решаваат овогодинешната титула со судар или некоја контроверзија.

Ред Бул конечно прв пат од 2013 година напаѓа силлно за титула, годинава против Мерцедес, екипа која е неприкосновена во турбо хибридната ера која е на сила. Верстапен и Хамилтон се на само 8 поени еден од друг, додека тимовите ги делат 5 поени.

Имаа судар на Силверстон по кој Макс заврши во ограда, а Луис победи, а на Монца исто така се судрија, но се елиминираа меѓусебно, така што можноста да нешто такво и на следните две трки е голема.

навистина е многу важно борбата за формула 1 титула да се одлучува со некој судар и мислам дека треба да имаат обврска спортски и фер да се однесуваат еден кон друг. ќе биде одлично ако така остане, секако дека е добро да имаме жестока борба до крајот на сезоната со двајца моќни противници и нека подобри подобриот. никој не сака ваква прекрасна борба за титула да заврши со судар – посака дејмон.

Хил иа искуство “од прва рака“ за лоши разврски во борбата за титула додека возеше за Вилијамс откако беше удрен од Михаел Шумахер кој таа 1994 година возеше за Бенетон и тоа на последната трка во сезоната во австралиски Аделаид. Двата болиди тогаш се откажаа, а Шумахер беше лидер во поредокот, така што стана првак. Британецот смета дека сличен маневар како оној на Михаел од Аделаид може да се случи и годинава затоа што оној кој води има корист од тоа.

да кажеме дека макс води и се случува блиска борба на патеката, така што возачот мора да одолее на искушението да се биде агресивен и тоа многу, по цена да се исфрли конкурентот, но многу е тешко да се одолее на тоа. мислам дека доаѓаме до точка каде спортот треба да најде начин да го спречи тоа. имавме доста првенства каде титули на контроверзен начин се решава.

за доброто на спортот и сета добра работа која е направена годинава, најдобро е да имаме фер борба за насловот. можеби треба јасно да им се каже дека ќе има казнени поени доколку некој се обиде да го направи тоа, да не биде фер. тоа можеби е единствен начин да се случи некоја контроверзија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ