Хил смета дека на Хаас им требаат искусни возачи

Поранешниот Формула 1 првак, Дејмон Хил, верува дека Хаас треба да бараат поголемо искуство од своите возачи за следната година откако имаа искуство со многу судари на Мик Шумахер сезонава.

Џин Хаас неделава откри дека Шумахер ги чинел многу пари во однос на направените штети со своите судари и грешки сезонава, откако веќе некое време се шпекулира дека местото на германецот во американската екипа е под знак прашалник. Токму поради таа несигурност во однос на возачот, Хил посочи дека тимот треба да бара проверени и докажани возачи кои може да испорачаат резултати во тимот, слично како што Ред Бул го одбраа Серхио Перез.

понекогаш со екипа како хаас ви треба некој кој сигурно знаете дека може да испорача. помислете на тоа што перез направи за форс индија и рејсинг поинт и така доби шанса да вози на врвот. тој секогаш има силни перформанси, тоа е тоа што на екипите им требам некој кој може да работи на врвно ниво, кој секогаш завршува трки и ги користи своите можности. можеби за екипа како хаас тоа е многу подобро одошто да се обидат со екој млад и неискусен пилот – посочи хил.

Во однос на тоа кој би можел да вози за американците догодина, шпекулациите велт дека Нико Хулкенберг е најсериозен кандидат, нешто што Дејмон смета дека е вистински потег.

мик не е некој врвен возач, секако не е макс верстапен, можеби е добар, можеби е одличен, можеби ќе прерасне во врвен пилот, но хулкенберг има многу искуство зад себе. тоа е тоа што сметам дека хаас треба да го бара од возачите.

Британецот верува дека на возачите кои се пеколно брзи може да им се прости некој судар во однос на оние кои се неконстантни и не испорачуваат.

шумахер имаше тежок почеток на сезоната и не беше добар како кевин кој се врати и почна да вози во вистински правец. мислам дека имаше силни перформанси кон средина на сезоната, но имаше и доста судари, во сузука мислам дека ја оштети шасијата.

проблемот е ако немате пеколно брз потенција не може да си дозволите често да имате судари, тоа е она што гунтер стаинер го загрижува. тој воопшто не е против мик, но тој го чини тимот многу пари, а не испорачува толку како што се очекува од него. веројатно се на самиот лими од буџетот и не може д аси дозволат да поправаат работи наместо да вложуваат во напредок.

жил вилнев своевремено могу се судираше и излетуваше, но тој беше пеколно брз, беше претерано брз и грешките му се простуваа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ