Холандија останува на календарот до 2025 година

Патеката Зандворт ќе биде домаќин на трката во Холандија уште две години откако го продолжи договорот.

Оригиналниот договор требаше да истече во 2023 година но тој е продолжен за уште две години.

Откако беше тргната од календарот во 1985 година, трката во Холандија се врати на календарот во 2021 година поради големиот интерес по успехот на Макс Верстапен.

Трките беа распродадени  и Ред Бул постави рекорд за целосен успех на двете трки.

Стефано Доменикали забележа дека популарноста на спортот се зголемила значајно во Холандија.

Трката во Холандија се покажа како омилена на фановите бидејќи носи невероајтна енергија и искуство на фановите. Распродадените трки покажаа дека се подигна нивото на организациајта, забавата и одржливоста. Има големо барање за одржување на трката и сега Зандворт го зацементира местото на календарот до 2025 година.

Промоторот потврди дека трката е распродадена за наредната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ