Холандија сеуште нема договор за 2024 година

Иднината на многу популарното Холандско Гранд При е сеуште неизвесна затоа што актуелниот договор на организатортие важи до крајот на следната сезона.

Холанѓаните потпишаа тригодишен договор, а Стефано Доменикали по ланското одлично издание на трката призна дека настанот е полн погодок.

првично настанот беше тежок за организација поради пандемијата, но ми ветија дека ќе биде уникатна и посебна гранд при трка, а морам да признаам дека си го одржаа ветувањето. кога се работи за атмосферата, тоа беше најдобар лански настан.

сега имаме огромен интерес од многу земји за организација, но сакаме да гостуваме на нови територии само ако ни потврдат дека ќе имаат спекакл како на зандворт, така што трката стана репер – изјави стефано доменикали.

Сепак, тој призна дека има уште работа во позадина за некои пропратни објекти на патеката затоа тоа и покрај тоа што се работи за историски импресивно здание, некои работи се доста стари.

Автодромот не престанува да испорачува, а Јан Ламерс, шефот на Гранд При настанот, откри дека годинава очекуваат 1/3 повеќе гледачи од лани, иако тоа не значи дека по автоматизам ќе се добие нов договор.

не сме воопшто загрижени за продажбата на влезници, но ни требаат и партнерите во владата. можеме да организираме настан искучиво кога финансиите ќе бидат обезбедени – изјави роберт ван овердијк, директорот на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ