Хонда ги отфрла теориите за подобрување на моторот

Јапонска Хонда ги отфрли теориите дека направиле подобрувања за нивниот втор мотор, што согласно правилата не е дозволено.

Јапонскиот производител со Ред Бул победи на последните четири трки, а посебно беше силен во Франција каде го промовираа својот втор мотор. Тој чекор ги натера другите, пред се Мерцедес, да помислат дека Хонда направила нешто со моторот и извадиле повеќе перформанси . 

Техничкиот директор на Хонда, Тојонару Танабе, ги отфрли гласините дека се напревени некакви промени во спецификацијата.

Би сакал да е виситина дека имаме 15 коњски сили плус, но тоа не е вистина. Подобрување на перформансите не е дозволено. Ова е истиот мотор по спецификација и перформанси. 

Танабе уверува дека доколку Хонда направиле нешто да ја подобрат издржливоста веднаш ќе биле приметени од ФИА. 

Според правилата, мора да ги пријавиме измените. Дозволена е само промена за издржливоста или за штедење, но мора прво да се одобри од ФИА.

ФИА доставува докумнети до сите екипи и тие мора да се одобрени од другите производители. Потребна е детална истрага која трае долго време за да се донесе подобрување.

Внимаваме на промените бидејќи не е можно промена на перформансите. Учиме како да го користиме моторот, Како да подобриме слабостите и да ги засилиме нашите предности. Како резултат на тоа сме подобри на патеката. 

Иако Мерцедес неколку пати потенцираше дека Ред Бул и Хонда се побрзи на правците сепак Танабе тврди дека Хонда не е реперот во Формула 1. 

Ние ја гледаме нашата позиција и се споредуваме со другите. Анализата ја вклучува и шасијата бидејќи ако имате добар болид со помала потисна сила моторот е посилен. Тешко е да се суди. Моменталниот резултат покажува дека не сме најдобри, Но работиме напорно да имаме најдобра ефикасност на моторот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ