Хонда загрижени за балансот во Азербејџан

Тојохару Танабе од Хонда ја потенцираше важноста на наоѓање оптимален сетап за патеката низ улиците на Баку поради тоа што истата се состои од два целосно различни делови.

Делот кај замокот е многу бавен, додека остатокот од патеката се состои од кривини под 90 степени и долги летечки правци, вклучително и последен сектор кој го иа најдолгиот правец во календарот.

иако патеката е улична како монако каде макс верстапен и ред бул победија, карактеристиките се премногу различни. со должина од нешто “ситно“ над 6 километри, патеката е една од најдолгите во календарот и додека првите два сектори се главно улични со слични кривини од по 90 степени, последниот е многу брз со предолг правец каде долго се држи педалот за гас целосно притиснат. поради тоа е важно да се најде вистински баланс во однос на сетирањето за бавните кривни и долгиот правец – анализира танабе.

Јапонецот појасни дека главен проблем е да се најде баланс кој ќе дозволи возачите рамномерно да ја распределуваат моќта за максимална брзина на долгиот правец.

со моторот имаме одлични возни својства, но важна е и брзината на многу бавните кривини додека менаџментот на енергијата е фактор поради долгото забрзување на правецот. како и обично, ги базираме нашите сетинзи на податоците кои ги имаме од сезонава како и последнта трка таму од 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ