Хонда му се извинија на Макс за проблемите

Хонда жалат што проблем во нивниот мотор е позади маката на Макс Верстапен во Абу Даби и покрај тоа што холанѓанецот од Ред Бул ја завшри трката на подиум.

По единствената промена на гуми од страна на Верстапен, по враќањето на патеката тој се жалеше до своите инженери во боксот дека има проблем со одговорот на моторот по негово притискање на педалот за гас. Сепак, тоа не го спречи да го стигне и престигне Шарл Леклер од Ферари втора трка по ред, иако од боксот му дојавија дека проблемот не може да биде поправен и дека ќе мора да ја одработи трката така.

Тојохару Танабе, техничкиот шеф на Хонда откри дека проблемот бил во нивниот мотор.

се обидовме да подобриме некои работи со пробување на различни сетинзи по промената на гумите откако возачот се пожали на испорака на силата до моторот откако тој ќе притисне педал за гас.

жалиме за проблемите во текот на трката иако истиот не му направи големи проблеми, но имаше шанси дса му наштети доколку трката се одвиваше на друг начин.

треба да бидеме совршени и да ги снабдиме возачите со безгрешни мотори од наша страна – појасни танабе.

Завршената трка беше последна од низата за Хонда кои годинава на сите 21 трка немаа дефект поради кој не ја завршија трката со болид на Ред Бул. Тоа е само доказ за одличниот напредок кој јапонците го имаат направено оваа тркачка сезона откако минаа очаен период со Мекларен.

завршивме трка без дефект кој ќе предизвика да се паркираме крај патеката што е одлично за нас. иако имавме дефект, не беше толку сериозен за да предизвика откажување, но мораме да се подобриме. имавме проблеми и на тренинг сесиите и мораме да откриеме се што се случувало.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ