Хонда не може да поверува во серијата казни за Мерцедес

Техничкиот шеф во Формула 1 на Хонда, Тојохару Танабе, вели дека не може да поверува во бројот на казните за моторот со кои се соочува конкурентот Мерцедес во завршната фаза од сезоната.

Тимот на Ред Бул со погон на Хонда, моментално е во тесна борба со Мерцедес за титулите во Формула 1, но неодамнешните трки беа погодени од грид казни за нивниот германски ривал. Во Бразил, Луис Хамилтон ќе падне пет места откако го зема својот петти мотор со внатрешно согорување (ICE) во сезоната, откако веќе имаше дополнително земено во Турција. Неговиот тимски колега, Валтери Ботас, “изгоре“ уште повеќе погонски единици, земајќи нови мотори во Монца, Русија и САД.

Тоа значи дека трката викендов во Бразил ќе биде 5то Гранд При од последните шест на кои еден од возачите на Мерцедес се соочи со пад на гридот. Запрашан во Бразил дали е изненаден што Мерцедес имаа толкави промени, Танабе рече:

Да, прилично сум изненаден. Промена на мотор недела по недела. не можам да верувам што се случува и зошто, Но од гледна точка на производителот,  разочарувачки е да се добие казна за возачот.

Додека Мерцедес претрпе голем број промени, на Хонда ѝ требаше само една дополнителна погонска единица за своите возачи на Ред Бул, откако тие ги загубија моторите поради оштетувања од несреќа на почетокот на сезоната.

Моторот од Големата Награда на Велика Британија на Макс Верстапен беше оштетен по неговиот судар во Силверстон, додека Серхио Перез загуби погонска единица по првиот свиок во Унгарија.

Танабе рече дека е уверен дека Хонда може да го помине остатокот од сезоната без дополнителни промени, откако Верстапен ја додаде својата четврта погонска единица на Руското ГП.

Сегашниот план е дека можеме да управуваме до крајот на сезоната за сите возачи. Имавме неколку несреќи во текот на сезоната, а потоа изгубивме некои мотори, но во моментов имаме доволен број агрегати за сите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ