Хонда не се изненадени од коментарите на Хамилтон

Тојонару Танабе, техничкиот шеф на Хонда, изјави дека не е изненаден од изјавите на Хамилтон околу силата на нивниот мотор.

Ред Бул оваа година се доста силни и се водечки во шампионатот пред трката во Силверстон. Клучна област поради која се посилни е моторот на Хонда посебно вториот мотор кој го користат за кој Хамилтон и Волф тврдат дека е посилен, нешто што не смее да биде случај.

Подобрувањата на моторот се замрзнати и се јави проблем околу легалноста на моторот. За Волф е чудно што Ред Бул се толку одбранбено спремни за прашања околу моторот.

Возачите најчесто мислат дека губат поради моторот. Доколку имате големо крило, знаете зошто сте бавни. Пакетот може да има поголем или помал отпор и тука силата на моторот е приметлива, Но за возачите секогаш е моторот.

Тимовите ја знаат разликата меѓу моторите. Таа се надгледува и се гледа отпорот на болидот. Треба да се знае дека Хонда не го засили вториот мотор.

Перформансите на болидот се од пакетот, шасијата и моторот. Доколку се каже дека подобрувањето е од Хонда, тоа не е добро за луѓето од Ред Бул. Тие многу ја подобрија шасијата. Нашите целосни перформанси се подобри – смета танабе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ