Хонда ќе ги корегира моторите за втората трка во Австрија

Хонда ќе донесе новини на своите мотори за време на втората трка на Ред Бул Ринг која ќе се вози како Штаерско Гранд При откако на првиот овосезонски викенд, Алекс Албон и Макс Верстапен се откажаа поради проблеми со агрегатот.

Холанѓанецот се повлече од трката по само 11 кругови додека Албон ја заврши трката во последниот сегмент откако претходно имаше судар со Луис Хамилтон.

Хонда откри дека моторите од двата болиди биле темелно проверени и било заклучено дека се сосема здрави и подготвени за користење и викендов.

проблемот кај двата болиди на ред бул на пследната трка беше со електрониката, но предизвикан од различни работи. ги анализиравме темелно проблемите со сите во тимот и воспоставивме мерки со кои ќе спречиме повторување на истите.

нашиот мотор немаше никаква штета од проблемите и макс и алекс повторно ќе ги користат истите мотори викендов. во недела мораме да ја завршиме трката со сите четири болиди и да додјеме до добри резултати, тоа е наша цел.

две трки една по друга на иста патека значи дека собраните податоци се релевантни иако предвидениот дожд може да промени многу работи – изјави тојохару танабе, техничкиот шеф на хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ