Хорнер бегал од часови за да биде на Силверстон

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, сподели своја приказна од тоа како бегал од часови со цел да биде на патеката Силверстон во 1991 година.

Во тие денови, Хорнер само што започнал со картинг и откако одлучил дека ќе вози на Силверстон со неговата “буба“ маскирана како Порше, наместо да оди во училиште, може да се каже дека неговиот ризик се исплател.

Возачката дозвола ја имав краток период и имав имитација на Порше, што всушност беше “Буба“, со спојлер на Порше позади и издуви од страните. Тогаш, Гудиар беа снабдувачи на пневматици и користеа два дена за тест околу еден месец пред трката. Претходно го гледав Џони Херберт во Формула 3, како и еди Ирвајн во Формула Форд, но ова беше прв пат да видат Формула 1 болид да вози околу патеката.

Избегав од училиште и се појавив на Силверстон. Успеав да најдам дупка во оградата и стигнав до падокот. Откако успеав, знаев дека нема да заминам.

Го сретнав Најџел Мансел и тој помина долго време со мене. Потоа се вратив во боксовите и се разминав со Сена. Се погледнавме, тој ја забележа јакната која ја носев, од мојот тим во картинг. Го препозна производителот и почна да ме прашува околу картинг.

Не само што го сретнав Најџел, кој беше мојот херој од детството, но сретнав и икона како Сена. Кога возев назад дома со мојот Фолксваген Буба, бев на седмо небо. Не ми помогна во училиште, но имав неверојатен ден!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ