Хорнер горд на своите вработени поради перформансите

Кристијан Хорнер ги пофали сите вработени во Ред Бул поради перформансите на болидот оваа година особено по истоштувачката сезона минатата година.

Ред Бул и Мерцедес се бореа за титула до последниот круг од последната трка лани, така што во голема мера беше запоставен развојот на овогодинешниот болид. Сезонава Ферари се многу силни, но Ред Бул содадоа моќен пакет иако до последен момент го развиваа и ланскиот болид. Спротивно на нив, Мерцедес значително заостануваат со својот радикален пакет.

Осврнувајќи се на досегашниот дел од сезоната, Хорнер со суперлативи зборува за своите вработени поради перформансите на РБ18.

имавме фантастични први 13 трки од сезоната во која дојдовме по неверојатната ланска година во која многу доцна почнавме да работиме нановиот болид со целосно новите правила. мислам дека тимот одговори феноменално добро и поради тоа сме во многу силна и конкурентна позиција за првиот дел од сезоната, сето тоа благодарение на напорната работа на сите во тимот.

јасно е дека имавме проблеми со издржливоста на првите неколку трки, особено бахреин и австралија, но се вративме на трките кои следуваа и имавме навистина фантастични борби со ферари. новите правила се чини одлично ни одговараат, а истите донесоа и блиско тркање, така што ние ги максимизиравме можностите кои ни се укажаа.

Тимскиот шеф е полн со пофалби за сите како во фабриката така и оние на тркачката патека.

нема нешто што би посочил, се работи за колективност и тим. пререќен сум со начинот на кој екипата одработува, инженерите, техничарите, тимот за промена на гуми, сите сме одлични. секако дека огромен е уделот и на сето тоа што се случува во милтон кинс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ