Хорнер даде одговор на тактиката на Ферари

Шарл Леклер освои пол позиција со повлекување и голема помош од својот колега Карлос Саинз, а шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Верстапен ќе имал поголема шанса да не било така.

Хорнер верува дека Макс ќе бил далеку побислику до Леклер ако моначанецот немал огромна помош од Саинз во последниот квалификациски сегмент. Во К3, Ферари му дадоа инструкции на Саинз, кој патем ќе тргне од последниот ред поради промена на мотор, да го повлекува Шарл на правецот од 9от до 11от свиок каде што Ферари губеа најмногу во однос на “биковите“.

Последното време на актуелниот првак беше 3 десетинки побавно од она на Леклер, а стартот еден крај друг утре ќе биде многу интересен.

По крајот на квалификациите, Шарл призна дека без помошта од Карлос ќе било многу поблиску, а тоа го мисли и шефот на Ред Бул.

можеби ќе бевме 1-1,5 десетинки поблиску до нив во текот на еден цел круг, но неспорно е дека ферари имаа предност во однос на нас денеска. имаме два различни концепти на напаѓање на патеката овој викенд, ферари возат со повеќе потисна сила, ние сме порамни, така што ќе видиме кој е во право утре – посочи хорнер.

Саинз ќе тргне од последниот ред крај Кевин Магнсен поради тоа што двајцата добија нови мотори, додека Макс и Чеко Перез ќе тргнат од првите два редови што за Хорнер ќе биде многу интересно.

имаме два болиди на врвот и тоа е одлично. ќе биде два против еден и тоа е секогаш интересна стратешка борба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ