Хорнер: Забраната за греачи ќе доведе до несакани проблеми

Потенцијалната промена за 2024 година може да доведе до несакани проблеми.

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ги откри стравувањата за несаканите проблеми кои може да произлезат од забраната за греачи на гуми во Ф1.

Италијанскиот производител на гуми, Пирели, развива соединенија за 2024 година со цел да се прекине употребата на греачите со цел да се зголеми нивната одржливост во согласност со целите на спортот.

Ќебињата користат електрична енергија за напојување на греачите, а целосната забрана ќе ги надмине напорите за одржливост над сегашните иницијативи, кои доведоа до ограничување на претходните температури од 100 степени целзиусови на 70 степени во последниве години.

Времето за загревање на гумите исто така е намалено на два часа пред употреба за да се намали количината на електрична енергија што се користи.

Но, додека предложената забрана се наметнува од оправдани причини, возачите предупредија за опасностите од возење со ладни гуми и зголемениот ризик од судар.

Запрашан за неговиот став за предложената забрана, Хорнер изјави за медиумите:

Мислам дека нема да ја споделиме проценката додека не направиме тест.

Даниел ќе го вози болидот на тестот и ќе добиеме повратни информации од тоа возење.

Сигурен сум дека Пирели ја донесе вистинската одлука.

Но, мислам дека тоа не е она што го сакаат возачите – додаде Хорнер.

Мојот страв од овие работи е дека кога мислите дека ќе постигнете нешто поедноставено што ќе создаде подобри трки, тогаш ќе треба да вложите многу напор во обидот да ги загреете гумите многу брзо во излезните кругови што може да доведе до многу повеќе трошоци.

Сите имаат греачи за гуми, тие ја вршат функцијата. Мислам дека она што треба да го разгледаме се одржливи начини за напојување на тие, наспроти нивно отстранување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ