Хорнер задоволен од најдобриот старт на Ред Бул до сега

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е задоволен од најдобриот старт на сезоната за тимот во изминативе години откако Макс Верстапен заврши на втора позиција во Бахреин и доминираше на Имола. 

Сепак, тој предупреди дека не треба прерано да се слави бидејќи сезоната ќе биде долга и безкурпулозна. Верстапен имаше молњевит старт од трета позиција и веднаш изби на водечката позиција пред Луис Хамилтон. 

Новиот возач на Ред Бул, Серхио Перез, немаше успешна трка бидејќи многу пати излета во песокот и заврши без поени на 12та позиција. Тој не донесе поени за тимот и во моментов Ред Бул заостанува 7 поени зад Мерцедес. 

Макс имаше одличен старт и во првиот свиок го престигна Хамилтон и од тогаш ја контролираше трката. Беше тешка трка и можеше да биде загубена, но тој успеа да ја задржи позицијата.

Само еден поен ги двои Хамилтон и Верстапен, но сепак првенството е долго. Ова е најдобриот старт во последните неколку години. Сакаме да го задржиме моментумот.

Фантастично е што Хонда победи за прв пат од 1991 година со Сена. Сакаме ова да продолжи и понатаму – вели хорнер.

Хорнер е оптимист за возењето на Перез кој настрада од одличното возење на Хамилтон кој од деветта позиција стигна до втората. Хамилтон го освои и поенот за најбрз круг кој беше дури 8 десетинки побрз од најдобриот на Верстапен. 

Имаме добар болид, но Мерцедес се многу брзи. Нивната деградација на гумите е подобра од нашата и мора да се види брзината на крајот на стинтот на интермедиа и на крајот на трката.

Луис имаше најбрз круг со преголема разлика. Тој го искористи паметно и ДРСот и знае да биде многу силен кога е под притисок. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ