Хорнер за Верстапен: Се променија само годините

Кристијан Хорнер зборуваше за брзината на Макс Верстапен во првата половина од сезоната борејќи се со Ферари. 

Тој дебитираше во Ф1 во 2015 година со Торо Росо за во наредната година да премине во сениорскиот Ред Бул каде победи на својата деби трка. 

Од тогаш тој продолжи да победува и веќе има 27 победи зад себе. 

Макс уште од првиот пат покажа луда природна брзина и контрола на болидот, и тоа не е променето. Се променија само неговите години и зрелоста. Тој дојде како тинејџер и сега има 24 година. 

По 13 победи оваа сезона, Верстапен има водство од 80 поени додека Ред Бул се 97 поени понапред кај конструкторите. 

Имавме позитивен прв дел на сезоната со осум победи и водиме во двета шампионати. Секако тоа не значи многу бидејќи крајот е далеку. Имавме охрабрувачки прв дел и останува да ја завршиме езоната. 

Додека Мерцедес ги освои сите титули во новата турбо ера, сега тие се поназад и борбата за титулата се води меѓу Ред Бул и Ферари. 

Но Мерцедес иако сеуште нема ниту една победа сепак Хорнер е претпазлив. 

Мислам дека сите бевме изненадени од Мерцедес бидејќи доминираа во последните години. Но тие работат на проблемите и ќе ги средат. Гледаме дека на некои патеки се опасност и мислам дека тоа ќе биде почесто до крајот на сезоната. 

Но Хорнер ужива во борбата со Ферари кои се најстар тим на гридот. 

Мислам дека Ферари е легендарен тим. Тоа што се случува на патеката е одлично бидејќи се тркаме против Ферари. Трката меѓу Шарл и Макс е одлична и се надевам дека ќе продолжи. 

Хорнер зборуваше и за перформансите на Перез кој победи во Монако но се мачи на последните трки. 

Чеко е извонреден. Имаше неколку тешки трки па победи во Монако и беше на пол во Џеда. Тоа е одлично и мислам дека доста напредуваше оваа сезона. Пол позицијата во Џеда беше одлична. Тој е многу мотивиран да оди напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ