Хорнер за Де Врис: Тој секогаш беше само привремено решение

Шефот на Ред Бул објасни што точно се случило кога Ник де Врис го загубил своето место во АлфаТаури.

Според Кристијан Хорнер, Ник де Врис од секогаш бил само привремено решение во Формула 1 тимот.

Де Врис беше потпишан за полно работно време со тимот на АлфаТаури за 2023 година, откако го импресионираше советникот на Ред Бул, Хелмут Марко на Италијанското ГП во 2022 година со деветтото место во своето деби за Вилијамс.

Сепак, на 10 трки во 2023 година, Де Врис не успеа да освои поен и се бореше во неконкурентен болид на непознати патеки како што се Мелбурн и Мајами, а сега е веќе заменет по Големата Награда на Британија од Даниел Рикардо.

Неподготвеноста на Хорнер да го ангажира Де Врис ја откри Марко, со тоа што шефот на Ред Бул го прошири своето размислување.

Се се случи малку побрзо од очекуваното – изјави Хорнер за замената на Де Врис.

Имајќи на ум дека не го завршивме тестот гуми на Пирели во Силверстон, Хелмут разговараше со Ник, очигледно тој беше тој што го регрутираше и мислам дека разговараше со него во 11от круг од тестот.

Очигледно пред тестот, имаше некој елемент на дискусија со Даниел и го прашавме ако тестот помине добро, дали ќе биде подготвен да вози за АлфаТаури бидејќи работите не одат како што се надевавме со Ник, но дали ќе биде подготвен за тој предизвик и тој одговори дека апсолутно е подготвен.

Тој беше подготвен да направи чекор наназад за да се обиде да направи два чекори напред.

Ник е многу способен возач и шампион во Формула Е и Формула 2, и очигледно има големо искуство.

Но, тој не е млад возач како таков од возрасна перспектива и едноставно не видов како се вклопува во јуниорската програма.

Секогаш беше привремено решение.

Хорнер, исто така, се осврна на идејата да го задржи Де Врис во болидот заедно со Јуки Цунода до неговата домашна трка во Холандското Гранд При на крајот на Август, но тоа било одбиено.

Тоа би значело да го оставиме во болидот до после летната пауза и мислам дека ситуацијата беше јасна, така што која е поентата во чекањето?

Ако треба да направиме нешто, можеби ќе продолжиме така и ќе му дадеме на Даниел 12 трки за да видиме за што е способен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ