Хорнер за првата средба со Марко: Веднаш бараше пари

Доктор Хелмут Марко го слави својот 80ти роденден, а тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, сподели неколку зборови за својот колега и се присети на неговата прва средба со Марко во далечната 1996 година.

Иако двајцата работат за Ред Бул од 2005 година, нивната прва средба се одржа многу порано, уште во 1996 година, кога двајцата немаа никаква врска со производителот на енергетски пијалоци. Хорнер, заедно со татко му, Гери Хорнер, формираа Формула 3000 тим по име Арден, за кој тој самиот се тркаше.

Хорнер го набавувал својот инвентар од секаде и поради тоа отпатувал во Грац за да се сретне со доктор Марко, кој и самиот бил активен со РСМ Марко во помладите класи пред Формула 1.

Слушнав дека продава некој комплет и затоа отидов кај него во хотел. Имајќи на ум дека отидов таму да купам приколка, тој во основа ме интервјуираше во однос на тоа што правам, зошто, како и така натаму.

На крајот беше постигнат договор, Се ракувавме за договорот за приколката и некои други парчиња опрема. јас позајмив финансии и направив се што можев за да платам за сето тоа.

Тој рече дека ќе ја достави опремата, но сакаше пари однапред за тоа, па однапред му платив се што можев. Се сеќавам дека разговарав со татко ми подоцна и му реков дека сум купил приколка, на што тој праша каде е, од кого.

Од еден човек во Австрија. Му ја платив целата. Изгледаше како пристоен човек. Сигурно му ѕвонев секој ден една недела додека не пристигна приколката во Англија.

Но, тоа беше навистина кога прв пат го сретнав, во неговиот хотел во Грац.

Сега, речиси 30 години подоцна, Хорнер и Марко соработуваат поблиску од кога било досега. Заедно тие ги прославија возачките успеси со Себастијан Фетел и Макс Верстапен, а Марк Вебер и Серхио Перез придонесоа соодветно како тимски колеги да донесат вкупно пет титули за конструктори. На прашањето за порака до Марко за неговиот 80ти роденден, Хорнер сподели комплимент за својот колега.

Пред 20 години заедно се приклучивме на Ред Бул и тогаш Тој имаше 60 години – рече Хорнер.

На 80-годишна возраст, тој денес има исто толку енергија како и пред 20 години. Со неговото око за талент, тој им даде можност на толку многу млади возачи. Тој беше голем дел од она што го постигнавме овде во тимот.

Отсекогаш уживавме во одлична врска. Беше одлична соработката со него во текот на сите овие години, а мислам дека има уште неколку години во старото куче.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ