Хорнер изненаден од изјавата на Чеко дека Ред Бул е one man show

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, ги демантираше сугестиите на Серхио Перез кој во една своја изјава откри дека порано тимот бил one man show, односно се се вртело околу Макс Верстапен.

Чеко посочи дека порано тимот од Милтон Кинс бил насочен ексклузивно кон Верстапен, но повеќе не е така затоа што и тој има еднаква шанса за титула, особено годинава.

прв пат слушам дека кажал такво нешто. секогаш сме се тркале со два болиди еднакво од 2005 година кога дојдовме во спортот и секогаш сме настојувале да ги имаме најдобрите можни возачит во нашите болиди – посочи хорнер.

Не е ново Ред Бул да биде обвинет за фаворизирање на некој возач, уште Даниел Рикардо во минатото замина од тимот затоа што се било подредено на неговиот колега, а кус животен век во Милтон Кинс имаа и Гасли и Албон. Хорнер вели дека се е до самиот возач и неговите перформанси.

како екипа секогаш се стремиме да им дадеме на двајцата возачи најдобра можност и најдобра опрема, а тоа што ќе го направат на патеката зависи исклучиво од нив. така се работи кај нас без оглед дали возат макс и чеко или даниел и чеко или даниел и себ или марк и себ или дури и дејвид и марк.

Тимскиот шеф верува дека Перез се мачел да се прилагоди на болидот кога станал дел од тимот пред две гоини, но со повеќе искуство од Милтон Кинс, му станало полесно.

одлично е што чеко супер одработува за нас. во 2021 година кога дојде се мачеше, имаше ковид сезона претходно, крај на актуелни правила и ништо не му одеше во прилог. лани беше дефинитивно подобар и победи два пати. одлично почна и сезонава, но минаа само две трки во предолгиот календар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ