Хорнер: Макс никогаш не ги крие своите емоции

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, посочи дека неговиот пулен, Макс Верстапен, бил во право што прекорил Џорџ Расел по нивниот контакт на почетокот од саботникт спринт низ Баку.

Од 3то место на гридот, Версрапен имаше бавен старт, Расел веднаш се доближи откако имаше цела десетинка подобро време на реакција од него, не успеа да мина на првиот свиок, а на следниот имаа конткат, по што “фати“ подобар залет на правецот и на 3та кривина го мина.

Верстапен успеа да си ја поврати позицијата многу брзо потоа, самошто се имаше повлечено безбедносното возило, но по крајот на кусата трка бараше објаснување од Расел, а потоа го нарече к***глав.

тоа се двајца многу конкурентени возачи. макс беше лут поради тоа што контактот влијаеше на перформансите на неговата трка и загуби доста време поради тоа. макс никогаш не се срамел од своите емоции и секогаш ги откривал на виделина. тој беше вознемирен и не се плаши да го покаже тоа, тој е чистокрвен тркач.

мислам дека оштетувањето на неговиот болид кој му ја загрози трката беше она што многу го налути – посочи хорнер.

Откако му беше посочено дека Макс би напаѓал идентично како и Расел, Хорнер објасни:

знаеме дека макс е чистокрвен возач и тркач, секогаш бил таков. фактот што имаа контакт го вознемири многу особено поради фактот што му ја уништи трката. штетата беше направена поради тоа што тркалата на џорџ се закочија, но такво е тркањето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ