Хорнер: Моторот на Макс ќе откажеше ако не го променевме

Кристијан Хорнер детално објасни какви проблеми имал моторот на Макс Верстапен поради кој холанѓанецот ги заврши квалификациите на 10то место.

Возачот на Ред Бул доби свеж мотор во пресрет на трката откако загуби моќ на квалификациите и не можеше да си дозволи втор летечки круг. Проблемот значеше старт од 10то место за него, променет мотор, но без казна затоа што не го надмина бројот на дозволени мотори за сезоната.

Сепак, фантастично возење и одлична стратегија на Ред Бул значеше победа со старт од 5от ред за него и зголемување на предноста во однос на Шарл Леклер на дури 80 поени на средина од сезоната.

го променивме моторот затоа што еден дел се скрши во сабота во болидот на макс. искрено бевме среќни што делот се скрши во сабота затоа што во спротивно ќе се скршеше на патот кон гридот пред почетокот на трката.

го променивме целиот мотор наместо да го поправаме, а променивме и кај чеко како мерка на претпазливост – откри хорнер.

Макс два пати на патека го мина својот директен конкурент, Шарл Леклер, откако првиот пат го претекна и се изврте, посочувајќи дека имал проблем со спојката.

исто така, имавме проблем со спојката во болидот на макс, но успеваше да ја изменаџира. температурата на болидот се зголемуваше и поради тоа макс остави простор во однос на карлос по првото застанување, но кога променивме гуми и кога го ставивме проблемот со спојката под контрола, беше многу брз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ