Хорнер не сака двајца “алфа“ возачи во Ред Бул

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, уште еднаш го отфрли враќањето на Себастијан Фетел во Милтон Кејнс, бидејќи комбинацијата на двајца “алфа“ возачи во тимот нема да му е од корист. 

Заминувањето на Фетел од Ферари го остава германецот без тим за наредната година, неговата позиција ја зазеде Карлос Саинз, а местото во Мекларен го пополни Даниел Рикардо. Празно место има во Рено за кое медиумите шпекулираат со Алонсо, Саинз па дури и Нико Хулкенберг. 

Мерцедес пројавија заинтересираност за Фетел, но шефот Тото Волф има неколку алтернативи, а една од нив е да не го менува тандемот. Фетел ги освои сите четири титули со Ред Бул, а Хорнер признава дека не го замислува Фетел покрај Верстапен. 

Мислам дека тоа нема да се случи. Имаме долг договор со Макс, а и Алекс врши одлична работа. Имаме добра динамика во тимот.

Искуството покажа дека не е добро да има двајца “алфа“ возачи. Себастијан е многу конкурентен возач и МИслам дека негово доаѓање нема да е добро за нас. Задоволни сме со нашиот тандем. Сигурен сум дека себ  има опции. 

Хорнер не се сомнева дека Фетел ќе продолжи во Формула 1 тркачката серија. 

Тој е сеуште млад. Доколку одлучи да остане тој ќе биде многу конкурентен. Тоа треба тој да го реши и само тој ги знае опциите што ги има. себастијан е многу вреден и постигна многу во Формула 1 станувајќи еден од најуспешните возачи на сите времиња. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ