Хорнер објасни како се справил со Фетел и Вебер во Турција

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, објасни какви чекори превземал да се справи со своите возачи по сударот на Себастијан Фетел и Марк Вебер на Турското Гранд При во 2010 година што го чинеше тимот 1-2 победа.

Двајцата возачи беа во конкуренција за титулата која на крајот ја освои Фетел. 

Сеуште беше почеток нивната врска и тие беа доста вжештени во борбата. Тензијата растеше и имавме проблем со двајцата кога се удрија меѓу себе. Сметав дека не треба да ја олабавиме работата туку треба да им кажеме каде грешат.

На крајот ова е спорт и забава. Ги однесовме двајцата возачи во една болница да се сретна со дечиња и да поминат малку време. Тоа се покажа како добро. Бидејќи ги видоа предизвиците на дечињата и нивните родители – се присети британскиот шеф.

Хорнер изјави дека не сакал да го форсира менувањето на начинот на пријателството туку само да им потенцира дека има поважни работи. 

Во тој момент немав таква цел. Тоа што поминаа време со децата и родителите доволно им кажа. Мислам дека имавме период на взаемна почит помеѓу нив што на моменти зовреваше. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ