Хорнер откри дека добил 600 барања за работа

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека е импресиониран од интересот на инженерите за одделот за мотори кој го формира Ред Бул.

Јапонска Хонда објави дека на крајот од сезонта заминува од Формула 1, а Ред Бул, откако обезбедиј замрзнување на првилата за моторите, решија да состават свој оддел каде ќе го произведуваат моторот на Хонда, откако претходно ги откупија сите права за него.

пуштивме обична реклама пред еден месец, само за да видиме каков ќе биде интересот, а добивме над 600 барања за работа, речиси сите од индустријата. тоа е охрабрувачки и неверојатно – задоволен е хорнер.

Тој посочи дека почнале од врвот со процесот на регрутирање и најпрво формирале врвен менаџмент, а веќе е познато ден Бен Хоџкинсон од Мерцедес ќе биде технички шеф.

почнавме со оформување на техничката структура која се оформува и наскоро ќе имаме значителни информации. тимот се средува, продолжуваме со носење луѓе.

јас сум презадоволен од интересот, имаме навистина талентиране перформал, луѓе кои не се познат иимиња, но во индутријата значат многу.

одделот за моторит на мерцедес заврши одлична работа последните 15-20 години, лидери се и се очигледно место за талент ако сакате да произведувате такви мотори.

Хорнер посочи дека најголем дел од заинтересираниот персонал е со работно место во Формула 1 и поради тоа верува дека на тимот нема да му биде потребно многу за да почне да работи под полна пареа.

нашите најголеми шанси се ако актуелниот талент кој го земаме од спортот го вклопиме со новите и интересни регрути. јасно е дека носиме дел од хонда со нас, но земаме и луѓе од мерцедес кои долго време се репер во спортот.

кога почнувате од нула секако дека сакате колку што може повеќе талент во тимот, а ние ја оформуваме структурата и најважно е дека го склопуваме врвниот менаџмент. секако дека ќе развиваме и млади инженери, исто како што рпавиме и со шасиајта и тоа е многу возбудливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ