Хорнер откри дека е многу лесно да го изнервираш Тото

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го прокоментира својот однос со ланскиот жесток ривал, шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Ред Бул и Мерцедес беа вклучени во борбата за титулите се до последниот круг од последната трка која беше одлучена во контроверзни услови. Во текот на годината имаше безброј инциденти помеѓу возачите на двете екипи, за на крајот “сребрените“ да станат конструкторски прваци, а Верстапен возачки шампион.

Хорнер демантира дека има нешто лично против Тото, но посочи и дека уживал да ги притиска Мерцедес по долги години нивна доминација.

немаме ништо лично еден против друг со тото, тото е тото, тој работи феноменална работа во мерцедес. јасно е дека дојде во овој спорт со различна позадина одошто јас, повеќе има финансиско знаење. многу е лесно да го изнервирате, а понекогаш тоа доста влијае над него.

секако дека доколку толку жестоко се тркате како ние со нив лани, тој прв пат по долги години се најде во таква ситуација и секогаш е интересно да се види како реагираат луѓето кога ќе се најдат во нешто такво. кога ќе видите како ги фрла слушалиците, гледате дека борбата силно му влијае – посочи хорнер.

Хорнер е шеф на Ред Бул откако тие влегоа во спортот како конструктори во 2005 година, а Тото е дел од Мерцедес од 2013 година. Запрашан дали тој подобро шефува со екипа од Тото, Хорнер одговори:

не сум јас тој кој треба да го кажам тоа. фокусиран сум на тоа што го правам, а луѓето треба да кажат дали сум добар. фокусиран сум на тоа што го правам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ