Хорнер откри кои се најдобри млади возачи според него

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Формула 1 во одлична состојба за следните 10 години и сето тоа благодарение на одличната генерација на малди возачи кои низ јуниорскит серии стигнаа до кремот на моторспортот.

Седумкратниот првак Луис Хамилтон веќе има 37 години и лани беше поразен од младиот Макс Верстапен кој стигна до својот прв наслов во Формула 1 кариерата, но холанѓанецот не е единстен млад возач од кој се очекува многу затоа што спортот има куп млад талент кој чека добар болид за да нападне.

мислам дека формула 1 е во одлична состојба во моментов затоа што има голем број на возбудливи млади возачи. макс има само 24 години и има многу пред конкуренти пред себе како шарл леклер, џорџ расел кој ќе мине во мерцедес годинава, го имаме и возбудливиот ландо норис и карлос саинз.

има многу возачи на сличјна возраст кои ќе бидат во спортот следните 10 години и мислам дека тоа е одлично за формула 1, одлично за конкурентноста во следните 10 години – посочи хорнер.

Сепак, неговиот Верстапен останува најдобар возач од младата генерација, а Хорнер објасни и зошто е тоа така.

мислам дека е гладен, решителен и има многу природен талент и способност, но и никогаш не се откажува. тој е бореџ и ќе се обиде да ја искористи секоја можност, тоа го прави возбудлив и одличен. знаете дека кога го имате мак зад себе, тој ќе проба да ве мине и поради тоа е популарен и продолжува да се развива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ