Хорнер откри што бара Чеко за нов договор

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри што бара Серхио Перез за да остане во тимот и следната сезона.

Договорот на мексиканецот со тимот завршува на крајот од оваа сезона, но со формата покажана до сега за време на својот престој во Милтон Кинс, тој дефинитивно заслужи место и за следната година. Двете страни покажаа желба да продолжат заедно.

Тимскиот шеф Кристијан Хорнер го поддржа Перез да продолжи со тимот и работата која ја врши сезонава.

тој треба само да продолжи да го прави тоа што го прави до сега. ралзиката помеѓу него и верстапен стана помала од лани, а мислам дека е и позадоволен од болидот. стигна до фантастична пол позиција во џеда годинава.

тој извозе многу трки за нас и е фантастичен тимски играч, а нема некој подобар од него во моментов. врши феноменална работа и треба само да продолжи така, а потоа ќе се разбереме за да продолжиме заедно – вели хорнер.

Мексиканецот покажа први знаци на незадоволство на Шпанското Гранд При кога му беше кажано да го пропушти својот колега, така што најави дека по трката ќе разговара со своите шефови од екипата. Хорнер се осврна на ситуацијата и откри дека Чеко го разбрал сенариото и ситуацијата во која се наоѓале

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ