Кристијан Хорнер објасни како ќе се одвива соработката со Хонда откако Ред Бул официјално потврдија дека од 2026 година почнуваат да работат со Форд.
Британецот посочи дека ќе има Кинески ѕид помеѓу нив и Хонда се со цел да не се споделува интелектуалната сопственост по крајот на нивната соработка во 2025 година. Од оваа сезона па до крајот на 2025 година, Ред Бул ќе има поддршка и спонзорство од Хонда, а потоа следува заедничка работа со Форд на нов мотор.
имаме договор и одлична соработка со хонда која ќе трае до крајот на 2025 година. нема да има пренесување на никаква интелектуална сопственост, сите мотори на хонда ќе се произведуваат во јапонија, а се на страна на ред бул пауертраинс ќе биде фокусирано на 2026 година.
јасно е дела буквално ќе има кинески ѕид помеѓу нив и нас, но ќе работиме следните некоклу години да ги максимизираме резултатите. тие се целосно посветени и односот ќе продолжи каков што беше до крајот на 2025 година. имаме хомологиран мотор кој е буквално замрзнат.
нашиот мотор го добиваме од хонда, тие се сопственици на интелектуалната сопственост, така што ние не гледаме внатре во моторот или нешто слично. ние ќе дадеме се од себе за хонда да си го заштити својот мотор, а заеднички да победуваме.
Првично Хонда соработуваше со Ред Бул од 2019 година откако претхдната ја минаа како еден вид тест, работејќи со АлфаТаури. Заедно освоија титула со Макс Верстапен во 2021 година, но си го одржаа ветувањето и се повлекоа од спортот на крајот од таа година и веќе официјално потврдија дека ќе бидат дел од гридот по 2026 година, иако сеуште не се знае со која екипа.
убавата работа за 2026 година е што се имаме на едно места, се што ни е потребно