Хорнер предлага 4та американска трка, овој пат во Њуjорк

На Кристијан Хорнер му се допаѓа идејата за 4та трка во Соединетите Американски Држави посочувајќи го Њу Јорк како најдобра опција.

Формула 1 се врати во САД по подолго време во 2012 година со наменската патека КОТА во главниот град на Тексас, Остин. Успешниот настан ги мотивираше организаторите во Мајами да направат своја трка која дебитираше лани, а од оваа сезона дел од календарот ќе биде и престижниот Лас Вегас.

Популарноста на спортот во Америка ги натера Ред Бул својот овогодинешн болид да го ромовираат во Њу Јорк, како и нивното ново партерство со Форд од 2026 година.

би било неверојатно да имаме уште една трка во америка, трка во големите градови би била лудило. трка во големото јаболко, на пример, каков спектакл би било тоа.

никогаш не може да се каже никогаш, имаме други трки овдека, го имаме и монтреал, а побарувачката секако дека е голема и интересот за формула 1 во сад станува се поголем.

имаме среќа да се тркаме на фантастични патеки како и одличната трка низ улиците на мајами, а вегас годинава ќе биде нездраво – смета хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ