Хорнер сака да се вратат В10 моторите

Шефот на Ред Бул, Христијан Хорнер, верува дека со доаѓањето на одржливите горива може да се вратат и В10 моторите. 

Последен пат се возеше со В10 мотори во 2006 година пред да бидат променети на В8 од 2007 до 2013 година и во моментов се возат В6 хибрид мотори. Од 2026 година, Формула 1 треба да премине на одржливи горива со цел шампионатот на биде карбон неутрален. 

За мене тоа е демонстрација дека моторот со внатрешно согорување сеуште не е мртов. Има надеж за овие мотори – оптимист е британецот.

Моменталните Формула 1 мотори користат 10% обновливо гориво и промената на новите мотори со 100% одржливо гориво е важна за производителите на автомобили. 

Мислам дека одржливите горива со нула емисија се патот на Формула 1, моторите со внатрешно согурување се важни за нив и мора да се размисли добро. Но кој знае? Можеби ќе се вратиме на В8 или В10 моторите. Тоа би било одлично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ