Хорнер: Тиктум не е на Формула 1 ниво

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Формула 3 возачот Дан Тиктум кој е член на нивната Академија за млади возачи, не е на Формула 1 ниво и смета дека на 19-годишникот ќе му треба уште време. Долго време се шпекулира дека Тиктум е главен кандидат за место во Торо Росо следната година откако ќе ја освои Формула 3 европската титула годинава и доколку Ред Бул успеат да ја убедат ФИА да му прогледа низ прсти на возачот во однос на суперлиценцата.

Но, Дан по се изгледа нема да биде Формула 3 првак затоа што Мик Шумахер е во фантастична серија и го превзема водството во поредокот кај возачите на еден тркачки викенд пред крајот на сезоната во таа тркачка серија. Со 5 победи на последните 6 трки Мик води со 49 поени во однос на Тиктум.

Интересно е начинот на кој треба да се опише нивниот ритам, а верувам дека и многу луѓе во Формула 3 падокот се сложуваат со мене. За жал, јас се борам и губам битки затоа што не се презивам Шумахер – напиша Тиктум на Твитер откако го загуби водството во поредокот по трите трки викендов во Австрија.

Во својата изјава за Sky Sports од Русија, Хорнер откри дека на возачот му треба повеќе време да се развие на патеката и надвор од неа.

Тој е посебен карактер и понекогаш зборува пред да размисли. Но, тој е талентиран возач и треба да се развие пред да дојде до потребото ниво за Формула 1. Треба да се исполираат нерамните површини кај него.

Во Формула 3 Мик Шумахер прави фантастична работа и јасно е дека е доминантен во моментов. Очигледно дека се соземаа во вториот дел од сезоната и тој е возачот кој треба да се победи. Изгледа како фаворит за титула во овој момент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ