Хорнер: Тсунода не уништи

Кристијан Хорнер откри дека Макс Верстапен и Серхио Перез биле ногу вознемирени што ја загубиле борбата на квалификациите поради грешката на Јуки Тсунода.

Ред Бул беа фаворити на квалификациите откако имаа 1-2 пласман со добра предност на последната сесија пред квалификаиите, но Мередес беа оние кои завршија во првиот ред пред нив.

Времето за 3то место на Верстапен беше повеќе од 3 десетинки побавно од она за пол позиција на Валтери Ботас и сето тоа откако самиот откри дека забавил штом го видел Јуки Тсунода како излетува пред него. Поради Јуки излета и самиот Перез.

мислам дека тсунода не зезна. двајцата возачи беа на својот последен летечки круг, макс имаше предност од 2,5 десетинки, а чеко нешто под две. не разбирам зошто јуки се “возакаше“ во тој дел од патеката. разочарувачки е затоа што влијаеше на круговите на двајцата наши возачи и тие беа вознемирени од тоа. но, вториот ред може да биде одлично место за почеток во мексико – оптимист е хорнер.

Поразот на квалификациите секако дека тешко им дојде на “биковите“ затоа што пргнозите велеа дека патеката ќе им одговара и дека ќе доминираат викендов во Мексико поради големата надморска височина на автодромот.

мерцедес беа многу, многу брзи на квалификациите. и во петок се виде дека е така кога го засилија моторот, а сега ги решиле и проблемите кои претходно ги имаа овдека.

мислам дека ние бевме под ниво во к3, но сепак беше многу густо и многу блиску. ќе биде жестоко на трка, тие имаат брзина на правецот и ќе биде многу интересно – најави шефот на ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ