Хорнер ја брани политиката на нивната школа

Кристијан Хорнер смета дека нивната политика на носење млади возачи во Формула 1 до сега е успешна и покрај неуспехот со Пјер Гасли во Ред Бул.

Тимот одлучи да го замени Пјер Гасли со Александер Албон на средина од сезоната во обид да добие повеќе поени и да конкурира на Ферари за втората позиција во конструкторскиот поредок. Хорнер е сигурен дека ваквата стратегија е исправна и дека неговиот тим носи идни ѕвезди во споротт.

Начинот на кој возачите доаѓаат во Ф1 сега е таков што тие најпрво се подготвуваат во пониските серии и возат на симулатор. Видовте колку брзо Макс влезе во Ф1 и иако сите зборуваа дека е прерано тој испорача. ТОа е светот во кој живееме.

Возачите се спремни и се независни и ќе дадат се за тимот само треба да се инвестира во нив. Доколку не беше ова немаше да го најдеме Фетел, Верстапен или Рикардо. Саинз немаше да има шанса доколку не инвестиравме во него. Исто е и со Албон, Квјат и Гасли – потврди хорнер.

Многу се коментира фактот дека возачи како Албон и Квјат претходно биле отфрлени од Ред Бул, но сепак Хорнер смета дека понекогаш треба да се даде втора шанса.

Мислам дека тоа што сега не се во тимот не значи дека нема да имаат шанса. Возачите од јуниорската програма се конкуренти и знаат што се очекува. Треба да испорачаат врвно ниво.

Пјер знаеше што го очекува во Ред Бул. Тоа е сениорси тим и притисокот станува поголем и мислам дека најдобро за него е да одмори малку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ