Хорнер ја открива причината за сударот на Макс пред трка

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри која била причината за сударот на Макс Верстапен пред самиот почеток на трката во Унгарија.

Хорнер вели дека Верстапен возел со полна гас на мокра патека бидејќи било потребно за да ја синхронизира 8та брзина, а во исто време холанѓанецот не го проценил нивото на грип.

Го следев тој круг и видов како помина широко во свиокот шест и седум. Тој притискаше за да го најде грипот и се обидуваше да ја синхронизира осмата брзина до свиокот 12, што значи дека мора да возите под полна гас.

Патеката беше полизгава од тоа што тој очекуваше, пневматиците беа ладни, никој всушност не можеше да верува дека излета. За среќа, моторот не изгасна и тој се извлече од бариерата. Не бевме сигурни колкава е штетата и моравме брзо да одлучиме дали да дојде во бокс, но сепак му пренесовме да дојде на гридот и да видиме дали може да го поправиме болидот без да изгубиме позиции – објасни британецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ