Хулкенберг: Германија е разгалена од успехот во Ф1

Нико Хулкенберг изјави дека Германија била разгалена од нејзината презентација во Формула 1, тркачка серија каде имаше повеќе нивни возачи на гридот додека догодина тој ќе биде единствен германец. 

По пензионирањето на Себастијан Фетел и губењето на местото во Хаас од страна на Мик Шумахер, Германија ќе останеше без германец на гридот, за прв пат од 1981 година. Шумахер го замени својот сонародник Хулкенберг во 2020 година како единствен германец на гридот, додека сега работите се свртија. 

Мислам дека ова се случува во етапи. Некои нации како Франција долго немаа свои возачи се додека не дојдоа Гросжан, Гасли и Окон. Тоа е нормално и се случува етапно.

Германија неколку декади имаше гермнаци како Шумахер, Розберг и Фетел и огромниот успех на Мерцедес. Мерцедес е сеуште во спортот и нема притисок од нивна страна – објасни хулк.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ