Хулкенберг го заменува Строл за Ајфелското Гранд При

Нико Хулкенберг повторно е сензационална замена во последен момент, откако втор пат годинава ќе вози трка како  замена за возач на Рејсинг Поинт, овој пат за Ленс Строл кој не се чувствува добро.

Нико ќе ги превзеде должностите на квалификациите и на утрешната трка за Ајфелското Гранд При. 33-годишниот германец требаше да биде во домашни услови како дел од ТВ преносот во Германија, но откако Строл не учествуваше во Т3 поради здравствени причини, непотврдено дали се работи за Корона вирус, Рејсинг Поинт веднаш го повикаа Хулкенберг, кој во истиот момент направи КОВИД-19 тест.

Нико, кој беше замена за Серхио Перез на Силверстон, веќе е запознаен со болидот и тимот и за среќа беше блиску во Келн – гласи изјавата од Рејсинг Поинт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ