Хулкенберг за иднината: Мала шанса со Ред Бул, Хаас нереална

Барајќи возачко место во Формула 1, Нико Хулкенберг ги негира аналитичарите дека има можност тој да вози покрај Макс Верстапен во Ред Бул.

Бидејќи перформансите на Алекс Албон се значително пониски во однос на Верстапен, изгледа дека е можно Ред Бул да направи измена со носење возач надвор од својата Акдемија. Откако тие се одлучни да не го промовираат Пјер Гасли, нивните опции доколку одлучат да го заменат Албон, ќе биде надворешен возач. Еден од нив е Хулкенберг.

Германецот е без возачко место во 2021 година откако беше отпуштен од Рено на крајот на 2019 година, но тој сепак покажа класа кога ги менуваше Перез и Строл во Рејсинг Поинт, освојувајќи поени во двата наврата. На последната трка, стартувајќи од 20то место, тој се пласираше на високото 8мо.

Шансата за Ред Бул е многу мала. Знаеме дека Ред Бул се чуваат себе и Поради тоа, не може да претпоставуваме. Во однос на Хаас, имаат убаво име на тимот, но тоа не е реална шанса воопшто. 

Што се однесува до АлфаТаури, никогаш не се знае, времето ќе каже – вели хулк.

Од Рено од друга страна, Сирил Абитебул, вели дека посакува да има уште една шанса со поранешниот возач.

Се што можам да кажам е дека посакувам да имав трет болид. Тој заслужува да се трка во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ