Хулкенберг за малку ќе возел за Ред Бул викендов

Нико Хулкенберг за малку ќе возел за Ред Бул на Ајфелското Гранд При откако доктор Хелмут Марко откри дека го побарал возачот поради нејасниот КОВИД-19 тест на Александер Албон.

Хулкенберг возеше за Рејсинг Поинт викендов како замена за болниот Ленс Строл, а повик од “розевите“ добил во Сабота претпладне, појавувајќи се на време на квалификациите од 15 часот истиот ден. Гермнецот беше фантастичен и беше проглсен за Возач на денот од страна на тимот откако тргна од 20то место и стигна до 8мо на крајот од трката.

контактирав со него во петок поради тоа што албон имаше нецелосен ковид-19 тест и моравме да бидеме подготвени да го замениме – открил доктор марко за Sport1.

Но, тестот на британецот со тајландско потекло се покажал негативен, така што тој можел да продолжи без проблеми на тркачкиот викенд. Дополнително, доктор Марко изјави дека Хулкенберг и Чеко Перез се двајцата возачи кои може да го заменат Александер Албон доколку тој драстично не се подобри.

албон мора да се подобри и само на тој начин ќе остане во тимот. беше добар на нирбургринг, но осанува да го анализирам во иднина. надвор на нашиот тим и академијата, само хулкенберг и перез се достапни.

не верувам дека има многу возачи кои може да се доближат на три десетинки од макс верстапен, а албон тоа во свој добар ден го може – дополни марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ