Хулкенберг сака да остане блиску до Ф1

Астон Мартин и Нико Хуленберг се очекува да официјализираат соработка согласно која германецот ќе биде резервист во тимот, но тоа сеуште не е официјално потвдено.

Отмар Шафнауер не престанува да го фали Хулк откако на три пати минатата година менуваше во Рејсинг Поинт, два пати Перез и еднаш Строл и при тоа многу квалитетно одработе.

Запрашан дали гласините дека ќе продолжи да работи за Астон Мартин се точни, 33-годишниот возач изјави:

себастијан фетел веќе има колега, така што повеќе од јасно е дека веднаш не можам никаде да се тркам во формула 1. како и да е, сакам да останам поврзан со формула 1 и да најдам место за следната година.

којзнае што ќе се случува годинава, така што треба да бидам трпелив и можеби ќе добијам шанса како што добив и лани.

Нико откри дека откако го напушти Рено на крајот од 2019 година има посмирен живот, но и дека не добил конкретна понуда од тогаш.

не дојде реална понуда за мене, тоа е точно. дискусии имаше, но работите не завшруваа позитивно за мене. тогаш си велев дека не треба по секоја цена да се враам на гридот, да почекам една година дури и ако тоа значи воопшто да не се враќам во спортот.

имав одлични десет години во спортот, а не сум човек кој сака по секоја цела да продолжи во формула 1, особено ако возам на опашката. дојдов до тој стадиум и паузата искрено добро ми дојде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ