Хулкенберг стартувал со погрешен мод на моторот

Нико Хулкенберг откри дека една работа била погрешна на трката во Германија, а тоа бил погрешниот мод на моторот кој го одбрал на стартот. 

Германецот беше повикан во последен момент како замена за Ленс Строл кој имаше здравствени проблеми. Хулкенберг бил на кафе со пријатели кога добил повик од Рејсинг Поинт и веднаш тргнал накај патеката. Недостатокот од тренизи го смести во болид веднаш на квалификациите, но и покрај се, тој сепак имаше одлична трка без проблеми и заврши на осма позиција. 

По трката, тој изјави дека единствена грешка била што не го ставил болидот во вистинскиот мод.

Не, не е тоа нормално. Бев во погрешен мод на моторот. По подготовките имате две позиции на моторот. Јас избрав позиција без користење на енергија. Кога приметив веднаш префрлив, не загубив многу, но немав добар старт – откри хулк.

И покрај грешката, Хулкенберг имаше одлична трка со неколку престасувања. 

Возачите имаа проблем со блокирање на тркалата. Пред трката се договоривме да нема проблеми и да се држам настрана.

Очигледно не сакате трката да ви заврши во првиот круг. Знаевме дека имаме достоен болид и мораше да внимавам. 

Хулкенберг е повикан по трет пат оваа сезона како замена, најпрво на Перез на Силверстон, а сега и за Строл, но нема шанси за останување во екипата во иднина.

Не знам што ќе се случи од овој момент. Се надевам дека треба да сум подготвен. Би било добро да имам време за подготовки и да го започнам викендот порано. не е сигурно дали треба да сум тука на секоја трка за секој случај. Не знам дали има смисла. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ